Девојче умрело на рацете на мајка си: По 4 минути се случило вистинско чудо
Девојче на возраст од една и пол година од Велика Британија умрело на рацете на својата мајка Ники Видоусон (29) откако го удрило автомобил пред семејната куќа.
Малата Фејт четири минути не покажувала знаци на живот. Но, се случило чудо - докторите успеале да ја вратат во живот.
Ова е исповедта на нејзината мајка која по таа случка повеќе го цени секој момент поминат со своите четири деца.
„Моето име е Ники, имам четири мали деца на возраст до 10 години. Беше 23 јуни 2013 година. Беше убаво неделно попладне кое се претвори во најлошиот кошмар. Тој ден нема да го заборавам додека сум жива. Мислев дека си игра во дневната соба, но се преплашив кога сфатив дека ја нема. Трчав низ куќата обидувајќи се да ја пронајдам, а тогаш погледнав низ прозорецот. Лежеше на подот.
Се искрадов некако надвор и отидов на улицата. Ја удрил автомобил. Умре на моите раце. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Лежеше безживотно, беспомошно, а мене срцето ми се кршеше. Четири минути не даваше знаци на живот.Таксистот кој ја удрил брзо не однесе во болница. Доктрите за некое чудо успеаја да ја вратат во живот. Ја ставија на апарати за одржување на живот и споија на трансфузија.
Ја спасија. Имаме многу оштетен црн дроб и неколку скршени коски. Кога по неколку дена ги отвори очите и ми се насмеа, знаев дека сѐ ќе биде во ред. По излегувањето од болница не можеше да оди како што треба, ниту да ја држи исправено главата, имаше проблеми и со голтањето на храна.
Една година одеше на терапија и повторно учеше да оди. Таа е вистински херо. Денес е повторно среќно и весело девојче кое наскоро ќе тргне на училиште. И денес поради сето тоа се чувствувам како да не успеав како родител, дека сум ја разочарала, бидејќи не внимавав најдобро на неа. Не знам како успеала да ја отвори влезната врата и да излезе од дома, секогаш беше мирна и тивка“ - раскажа за „Daily Mail“ мајката.
фото: Принтскрин / Твитер / Daily Mail