Родена е со срце надвор од градниот кош: Моето срце е различно, но тоа ме прави потполно уникатна

Родена е со срце надвор од градниот кош: Моето срце е различно, но тоа ме прави потполно уникатна

Објавена во: Совети // Семејство

Вирсавија Борун - Гончарова, која има 11 години е родена со ретко генетско нарушување со кое се раѓа едно бебе во милион. Иако прогнозите била дека нема да преживее, таа денес е среќно девојче.

Вирсавија е родена во Русија со срце кое се развило надвор од градниот кош.

Лекарите и кажале на нејзината мајка дека најверојатно ќе умре за време на бременоста или породувањето. Но, таа преживеала и денес е среќно девојче кое сака да пее, да танцува и да игра со пријателите. Поради нејзината болест, семејството се преселило во САД.

„Таа е навистина чудо и ја сакам таква каква што е. Апсолутно е уникатна. Нејзиниот брат, Ервин, сака да и се доближи до срцето и да го допре. Таа смета дека нејзиното срце е нешто волшебно и убаво“ - посочи Дари, мајката на Вирсавија.

Девојчето боледува од исклучително ретка вродена болест. Таа мора да внимава да не ги повреди градите, бидејќи тоа може да биде сериозно. За да го заштити срцето и да спречи какви било повреди, таа обично носи прекривка за гради.

Со текот на годините, Вирсавија поминала многу време во болница, а понекогаш и треба и кислород за истиот да не падне премногу ниско.

„Не и е лесно да живее со срцето надвор од телото, затоа што е многу изложена и кревка. Понекогаш тоа не вознемирува, но не дозволуваме тоа да ја запре во ништо“ - додаде нејзината мајка.

„Понекогаш е тешко кога нивото на кислород е ниско и чувствувам вртоглавица. Но, сакам да останам активна и да пеам и да танцувам со моите пријатели. Моето срце е различно, но тоа ме прави потполно уникатна и го сакам тоа“ - заклучи Вирсавија, а пишува Metro.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: