Девојчето кое го хипнотизираше светот во култниот спот на Сиа порасна: Со неделата вечер заблеска на црвениот килим (ФОТО)

Девојчето кое го хипнотизираше светот во култниот спот на Сиа порасна: Со неделата вечер заблеска на црвениот килим (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Во неделата вечер во театарот Долби во Лос Анџелес се одржа 94-тото доделување на Оскарите, а најважната холивудска вечер, како и секоја година, на црвениот килим ги собра некои од најголемите ѕвезди на денешницата. Секако, имаше и такви кои го привлекоа вниманието со својата појава од повеќе причини, а една од нив е Меди Зиглер.

И додека целата церемонија ја одбележа инцидентот со Вил Смит, кој му удри шлаканица на колегата Крис Рок поради непримерната шега на сметка на неговата сопруга, сепак постојат и некои блескави моменти. А, бидејќи црвениот килим е непресушен извор на забава и нешто за што долго се зборува, појавата на Меди Зиглер, секако ќе биде една од тие хит теми.

Младата Меди Зиглер, пред скоро десет години беше одбрана од страна на Сиа да бдие заштитно лице на некои од нејзините најголеми хитови. Во 2014 година за првпат се појави во спотот за познатиот хит „Chandalier“, а од тој момент доби светска популарност.


Кога ја запознавме имаше 11 години, а во неделата вечер преубавата 19-годишна девојка блескаше на најважниот настан во Холивуд.

Имено, Меди се појави во креација на Џанбатиста Вали, која го отслика целиот гламур на вечерта. 

Долгиот, црн фустан го имаше надополнето со дијамантски накит. Косата ѝ беше соберена во романтична пунџа, а шминката слободно можеме да кажеме дека ѝ беше едноставна и умерена.

Малата Меди навистина порасна во вистинска холивудска дива.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: