Девојчето кое ќе го промени светот: "Тајм" избра дете на годината
15-годишна
научничка беше прогласена за прво „дете на годината“ од
списанието „Тајм“.
Девојчето Гитањали Рао од Денвер, од Колорадо, излезе со нови откритија во цела низа различни области. Таа дизајнираше уред што може да идентификува олово во вода за пиење и апликација, како и додаток на „Chrome“ кој користи вештачка интелигенција за да открие вознемирување преку Интернет.
Таа рече дека се надева оти може да ги инспирира другите да сонуваат за идеи за решавање на светски проблеми.
Гитањали беше избрана од 5.000 номинирани деца од САД. Таа и другите четворица финалисти ќе бидат наградени во ТВ-специјал следниот петок.
Во интервју со актерката Анџелина Џоли, Гитањали рече:
„Јас не изгледам како типичен научник. Сè што гледам на телевизија е дека научникот е постар, обично бел човек. Мојата цел навистина се промени, сакам не само да создадам пронајдоци за решавање на светските проблеми, туку и да ги охрабрам другите да го сторат истото. Затоа што, од лично искуство, не е лесно кога не гледате некој друг како вас. Значи, навистина сакам да ја пренесам таа порака: Ако можам да го сторам тоа, ти можеш да го направиш тоа и секој може “.
Списанието „Тајм“ започна да ја доделува наградата „Човек на годината“ во 1927 година, подоцна нарекувајќи ја наградата „Личност на годината“, но ова е првпат да имаат категорија „Дете на годината“.
Минатата година активистката за клима Грета Тунберг стана најмладата досега „личност на годината“ кога и беше укажана чест на 16-годишна возраст.
Фото: TIME
Можеби ќе ве интересира:
Има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокимг: 9 - годишно девојче со аутизам има само една желба