Девојка (26) во кревет заработила скоро 6.000 евра за еден месец: Го правела она што го препорачуваат лекарите
Била дел од натпреварување на кое сите би сакале да учествуваат...
Сите знаеме колку е важен сонот за целокупното здравје, а според упатствата издадени од Националната фондација за спиење, на возрасните кои не страдаат од никакви хронични болести им требаат помеѓу 7-9 часа сон секоја вечер. Сепак, точно е дека повеќето луѓе во просек спијат многу помалку. Сепак, има и такви кои без исклучок ги следат овие препораки.
Трипарна Чакрабарти, 26-годишната девојка од Калкута, спиела по 9 часа без престан 100 последователни дена и со тоа станала првиот индиски „шампион за спиење“. Натпреварот на кој учествувала Трипарна и на кој освоила 6.000 долари (околу 5.900 евра) го организирала компанијата која се занимава со квалитетот на сонот, со намера да ја прошири свеста за важноста на оваа навика. Истражувачите ги земале предвид факторите како времетраењето на спиењето, времето кога човекот е буден, дали сонот е лесен или длабок...
#OpportunityMissed
— Susim Mohanty (@altertwit) September 4, 2022
Triparna Chakraborty, a 26-year-old from Kolkata was awarded India's first sleep champion.
She slept 9 hours for 100 days and was rewarded with 5 lakhs in a competition organised by @WakefitCo. pic.twitter.com/XuvFuX4kuv
Колку сон ни треба?
Експертите истакнуваат дека здравиот сон е неопходен за секого, без разлика на возраста. Спиењето го активира умот, го обновува телото и ги зајакнува речиси сите органи. Според упатствата издадени од Националната фондација за спиење, на здравите возрасни луѓе им требаат помеѓу 7-9 часа сон секоја вечер.
Што се случува кога не спиеме доволно?
Некои од најсериозните ефекти на хроничното лишување од сон вклучуваат висок крвен притисок, дијабетес, срцев удар, срцева слабост и мозочен удар. Покрај овие фатални состојби, можни се и други проблеми како дебелина, депресија, па дури и намалено либидо... Хроничниот недостаток на сон може да влијае дури и на изгледот, па дури и да доведе до предвремено појавување на брчки, темни кругови и слично.
фото: pixabey