Девојка без заби и веѓи покажа колку е моќна шминката: Луѓето на социјалните мрежи се воодушевени

Девојка без заби и веѓи покажа колку е моќна шминката: Луѓето на социјалните мрежи се воодушевени

Објавена во: Мода // Moj стил

- Ме потсетуваш на Алиса во земјата на чудата - беше еден од коментарите на социјалните мрежи.

Одамна е познато дека моќта на шминката не треба да се доведува во прашање. Она што вештите раце во комбинација со добра алатка можат да го направат е навистина неверојатно. Ова тврдење го поткрепуваат фотографии, снимки и објави на социјалните мрежи, а една од снимките стана вирална на социјалната мрежа ТикТок.

Но, за разлика од многу претходни трансформации, оваа заслужи голем број позитивни коментари и несвојствено за социјалните мрежи, минимален број критики.

Алис Сегрист стана популарна на ТикТок претходно оваа година кога сподели видео од нејзините екстремни трансформации на шминка.

Сега ја следат повеќе од 345.000 луѓе и се восхитуваат на нејзините вештини.

Таа го започна своето најпопуларно видео без заби и веѓи, а го продолжува во полн гламур и светла насмевка.


Холивудска насмевка, нашминкани усни и лице врамено со темни веѓи фокусирани на нејзиното прекрасно лице и мачкини очи.

Многумина беа воодушевени од нејзината трансформација, што јасно покажаа во коментарите.

Фото и Видео: ТикТок


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: