Девојка нарачала чанта преку Интернет: Поради она што ѝ стигнало, плаче од смеа и мака (ВИДЕО)
Сите го знаеме она чувство на возбуда и исчекување додека нешто ќе нарачаш преку Интернет, па едвај чекаш да ти стигне на домашна адреса.
Една ТикТокерка го сподели своето искуство со нарачување од „Али Експрес“, кога пакетот кој стигнал на нејзината домашна адреса, едноставно дошло до тоа, како што кажа и самата, „да плаче и од мака и од смеа“.
Имено, нарачала убава чанта во „nude“ нијанса од мек материјал, каков што совршено се вклопува во сите зимски комбинации.
Но, наместо готови чанти, во пакетот стигнаа делови: материјал за изработка, конец за плетење, ремен, ножици и сѐ што е потребно за во домашни услови сама да ја состави чантата.
@foxicaaa AliExpress FAIL - najveći do sada. #aliexpressfail #aliexpressfinds #onlineshoppingfail original sound - Kneely_Knight
Можно е да станува збор за измама, а можно е девојката детално да не го прочитала упатството кое стоело на страницата и каде е можно да било назначено дека станува збор само за материјал, кој е предвиден за изработка на чантата.
Под видеото се нижеа коментари, а еден секако победи.
„Икеа чанта“ - ѝ напиша една корисничка, алудирајќи на скандинавскиот произведувач на мебел, кој е познат по концептот производи кои купувачите самостојно ги составуваат.
фото: Принтскрин / ТикТок