Девојка не ја миела косата 13 дена: Сега ѝ изгледа подобро од било кога (ВИДЕО)

Девојка не ја миела косата 13 дена: Сега ѝ изгледа подобро од било кога (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Инфлуенсерката Британи Милер на својот ТикТок профил сподели видео во кое зборува како својата коса не ја измила дури 13 дена, а изгледа подобро од било кога. 

„13 дена без миење. Така добро ја истренирав својата коса“ - напиша таа во описот на видеото.

@brittanyhm

Will wash tomorrow - day 14

Who's That Girl? - Eve

Луѓето веднаш почнале да ја „бомбардираат“ со прашања во коментари, за тоа како воопшто успеала да го направи тоа и ја молеа со нив да ги сподели своите трикови. Секако, Британи набрзо им одговори во ново видео.

„Ќе морате да поминете низ мрсна фаза и потоа едноставно да престанете да ја миете, така што ќе ја навикнете вашата коса на поретко миење“ - објасни и додаде дека со тренинзите започнала пред околу една година, а сега може да издржи и 15 дена без миење.

„Моментално ми е 13 ден без миење и можам да почувствувам дека ми е малку мрсна, но тоа не е видливо“ - кажа таа.

@brittanyhm Reply to @dubsyzarayaha original sound - Brittany Miller

Британи откри дека причината поради која започнала со овој процес било тоа што сакала бојата на косата да ѝ „издржи“ подолго.

„Всушност подобро е косата да се мие што е можно помалку“ - посочи, па даде еден совет:

„Значи, мојот совет до вас е да престанете да ја миете, да ја издржите онаа најлоша фаза на многу мрсна коса и да не ја миете што е можно подолго. На пример, почнете со околу четири или пет дена, а потоа измијте ја и потоа постепено продолжувајте ги деновите помеѓу миењето на косата“.

Некои искоментираа дека тој „тренинг на косата“ не им успеал и дека мораат да ја мијат косата барем два пати во неделата, додека други коментираа дека ова е многу добар начин за зачувување на здрава коса и теме и дека времето со карантин одлично им послужило за таков експеримент.

Дали ќе го испробате и вие овој трик?

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: