Девојка од Белград во кафуле слушнала дека момче ја изневерува својата девојка: Снимила што се случува и објавила на ТикТок (ВИДЕО)
Видеото стигнало до девојката на момчето, која била неизмерно благодарна...
Кога ќе го „уловите“ во неверство партнерот на личност која ви значи, тоа може да ве стави во тешка и незгодна позиција. Очигледно би сакале веднаш да ѝ кажете, но секако, тоа не е толку едноставно. На крајот од краиштата, тоа не е ваша врска, туку врска на вашиот пријател или член на семејството. Ве мачи совеста бидејќи знаете дека таа личност е изневерена, но дали сте вие таа личност која ќе ги соопшти лошите вести? Дали ќе ви поверуваат?
Од друга страна, кога се во прашање непознати луѓе, може да биде примамливо да реагирате во склоп со новооткриените информации, во желба за делење „правда“, но прво би требало да застанете и размислите за тоа колку добро сте упатени во самата ситуација. Можеби ги немате сите факти.
Една девојка овој викенд се нашла во таква ситуација и одлучила веднаш да изреагира, ни помалку ни повеќе, туку момчето кое го уловила во неверство да го „разоткрие“ на социјалната мрежа ТикТок.
„Ако се викаш Ана и момчето ти се вика Душан, и вечерва ти кажа дека оди со друштвото, моментално седи со некоја русокоса девојка со која те озборува“ - пишува во видеото.
@_aleksyyy_ #citygarden #fyp #tiktok #viral Zera - Hurricane
Креаторката на видеото го слушнала телефонскиот разговор на еден од момците во трговскиот центар и забележала дека неговите зборови не се во склоп со неговите постапки. Тој на својата девојка во телефонскиот разговор ѝ објаснил дека е во трговски центар со другарите, додека всушност седел со друга девојка и зборувал негативно за својата. Девојката која присуствувала на сето тоа веднаш снимила видео во кое ѝ се обраќа на девојката Ана која не би смеела да верува во зборовите на своето момче кое моментално седи со друга. Во коментар напишала и како е точно облечен и во кој локал седи.
ТикТок го направи своето и информацијата брзо стигнала до Ана. Искрено се заблагодарила на креаторката на видеото и ѝ објаснила дека другарката од шега ѝ го испратила видеото, но дека се испоставило дека момчето е всушност нејзиното момче.
„Здраво, без зборови сум. Ти благодарам многу. Само да ти јавам дека стигна до мене. Другарка ми од шега ми го испрати видеото и испадна дека навистина е за мене. Ти благодарам многу, прекрасна си. Ако некогаш нешто ти затреба, слободно побарај ме“ - напишала Ана.
@_aleksyyy_ #naslismoanu #fyp #tiktok original sound - алекс<3
Креаторката на видеото ѝ порачала дека ѝ е драго што сето тоа стигнало до неа и дека се надева дека ќе ги послуша луѓето кои во коментари под видеото ѝ сугерираат дека ова е постапка која не се простува и дека разделбата е опција за која не треба да се двоуми.
фото: Принтскрин / ТикТок