Девојка од Калифорнија ги бара своите предци на Балканот: Сите се пуштија во потрага по презимето Шантиќ (ФОТО)
Девојка од Калифорнија се пушти во потрага по потеклото и цел Балкан се труди да ѝ помогне...
Многуми од нас, особено откако се појаву Фесјбукот, се обидуваме да ги најдеме своите пријатели од детството, роднини, симпатии. Некои се успешни во своите обиди.
Меѓутоа, сега една девојка се пушти во потрага да ги најде своите предци, следејќи ја трагата дека корените ѝ се од Хрватска.
На социјланите мрежи во Хрватска и целиот Балкан неодамна се сподели објавата на извесна Митра Кишак Кох, која ѝ помага на Американката Самер Шантиќ да си ги најде корените кои се од овие простори. Случајната средба се случила во Барселона, Шпанија, по што на Фејсбук е направена потрагата за луѓето кои се презиваат Шантиќ.
„Пред некој ден во продавницата ми влегоа две девојки од Америка. Се зазборевме и јас им кажав дека сум од Хрватска, а Самер Шантиќ ми кажа - „ОМГ, не можам да верува!“ Воглавно, нејзиниот дедо е од Хрватска, но не знае точно од каде. Починал, а нејзината баба не сака да зборува за него, бидејќи секогаш многу се растажува“ - напиша Митра на Фејсбук.
„Знае ли некој некого кој се презива Шантиќ за Самер да се обиде да ги најде своите корени? Тоа ѝ е голема желба! Ве молам, означете ги своите пријатели кои се презиваат Шантиќ во коментар, па Самер ќе им јави“ - додаде, напоменувајќи дека Самер е девојката, која позира десно на фотографијата.
Инаку, Самер живее во Сакраменто, Калифорнија. За неполни 15 часа оваа објава крена голема бура на социјланите мрежи. Луѓето навистина се трудат да помогнат, а во коментари се јави нејзина роднина која напиша дека „дедо ѝ Шантиќ имал роднини во Сптил и во Рогозница“, додека друга девојка напиша дека знае „двајца луѓе кои се презиваат Шантиќ од Сплит“.
фото: Принтскрин / Инстаграм