Девојка починала поради пирс од 500 денари: Инфекцијата ѝ го зафатила мозокот, неутешната мајка ги раскажа сите детали
Девојка од само 20 години починала по евтин пирс, кој ѝ предизвикал инфекција. Лекарите се обидувале да ја спасат, но сѐ било залудно, бидејќи инфекцијата ѝ го зафатила мозокот.
Андреса Суза (20) заминала во неименувал салон за присинг на југот од Бразил, и пред два месеци ставила пирс на долната уста. Набрзо потоа почнале проблемите, раскажала нејзината мајка Марија.
„Пирсот на усните го платила околу 10 долари, но набрзо доби инфекција. Усната ѝ потече и ѝ стана црвена, качи температура и силни главоболки“ - раскажа очајната мајка.
Бидејќи семејството живее во дел од Бразил во кој има денга треска, прво помислиле дека Андреса се разболела и ја однеле на лекар. Кога била прегледана, веднаш била сместена на интензивна нега, раскажала нејзината мајка.
Пирсот повеќе не можел да се извади, а Андреса не можела ни да зборува, ниту да ја мрда устата.
Утврдено било дека девојката добила силна инфекција која низ крвотокот се проширила на мозокот и зафатила 37 проценти од најважниот орган во човечкото тело. Била оперирана, но предоцна, по што еден месец поминала на интензивна нега. Починала на 9 јули.
„И да преживееше, најверојатно ќе беше во вегетативна состојба поради оштетувањето на мозокот“ - вака ја завршила изјавата неутешната мајка за бразилските медиуми.
фото: Принтскрин / Инстаграм