Девојка покажа како изгледа без шминка, луѓето се шокирани: „Затоа момците мора прво да одат да одат на пливање со девојката“ (ВИДЕО)

Девојка покажа како изгледа без шминка, луѓето се шокирани: „Затоа момците мора прво да одат да одат на пливање со девојката“ (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Доказ дека шминката има неверојатна моќ...

Видеото на Џулија Грандони од Квебека во Кадана стана вирално на социјалните мрежи откако таа се приклучи на трендот кој владее на ТикТок, во кој сподели видео во кое нашминкана, но и без шминка.

Во првото видео носи тесен црн фустан, додека се подготвува за вечерно излегување, а во другото е прикажана додека лежи во кревет без грам шминка, а нејзината трансформација е екстремна, пишува „Mirror“.

Видеото, кое има повеќе од 2 милиони лајкови и повеќе од 12 милиони прегледи, ги подели корисниците и предизвика бурна расправа, а многу момци кажаа дека шминката е главната причина за нивната недоверба кон девојките.

„Поради тоа момците мора прво да одат да одат на пливање со девојката, пред да се согласат на врска“ - искоментира еден корисник, додека друг додаде: „Еве зошто имам проблем со довербата“.

Но, Џулија брзо им одговори на злобните коментари и кажа дека нивните зборови нема да допрат до неа, бидејќи се чувствува пријатно во споствена кожа и знае дека со шминкањето не крие ништо.

@jugrandoni #greenscreen 444 - jah

„Одлучив да го направам ова за да им покажам на луѓето дека ми е добро во сопствената кожа, да им покажам дека не ми е потребна шминка. Важно е да им покажете на другите дека може да се чувствуваат така“ - кажа таа, а истакна дека вообичаено ѝ се потребни два часа за да се нашминка.

Сепак, помеѓу коментарите под нејзиното видео има и многу позитивни: „Го сфаќам ова. Еднаш сосетката дојде на мојата врата и ме праша за мојата „сестра“. Јас немам сестра. Беше навикната да ме гледа средена, а не без шминка“, „Ми се допаѓа тоа што го покажуваш своето лице без шминка. Мораме да повторуваме дека и природното е убаво“.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: