Девојка покажа како навистина изгледа на кожа пудрата по која сите се луди: Без филтер, тоа е сосема друга приказна
Инфлуенсерите повторно ни продаваат лаги?
Секако дека шминката изгледа поинаку на лицата на инфлуенсерките кои во видеата користат филтри и кои пред објавување ги уредуваат фотографиите, отколку кога ти истата шминка ќе ја ставиш на лцието и ќе ја носиш во текот на денот. Ова е само еден од доказите да не паѓаш на нивните објави.
Кога некој производ за шминкање е малку поскап, но сите зборуваат дека е одличен и на лицето им стои одлично - одиме и го купуваме, бидјеќи ако е навистина толку добар... Некогаш тоа е океј, но некогаш се случува и ова. Една девојка покажала како навистина на кожата изгледа скапата пудра за која јутјуберите и инфлуенсерите зборуваат само најдобро - течна пудра Charlotte Tilbury. Невозможно е да не си слушнала некој како ја крева до облаци оваа пудра. Во видеата сите изгледаат совршено кога ќе ја стават на лицето, но како изгледа кога камерата ќе почне да се приближува и кога ќе се тргне филтерот кој ја измазнува кожата? Е, тогаш тоа изгледа вака.
@natalie_mccc Oh welllll #charlottetilbury #haul #viralmakeup original sound - Natalie Mc
Само што никој нема да го покаже тоа. натали и самата видела дека сите зборуваат колку оваа пудра е одлична и ја пробала. Од далеку, кожата ѝ изгледала супер, но во реалниот живот, нема да стоиш толку далеку од луѓето и нема да имаше филтер на лицето. Тогаш пудрата ќе изгледа многу полошо, како да си ставила неколку слоеви и кожата ќе ти биде сува како Сахара, а порите ќе ти бидат уште понагласени. Дефинитивно не е баш онака како што кажуваат познатите. Во коментарите многу девојки се сложија дека исто изгледа и на нивната кожа.