Девојка покажува како комбинациите кои ги гледаш на Инстаграм моделите им стојат на оние кои носат конфекциски број 40
Оваа девојка сосема случајно го започна овој тренд...
На Инстаграм или Пинтерест можеш да пронајдеш мноштво идеи за комбинации кога не знаеш што да облечеш, но она што е малку загрижувачки е како ќе ти стои на тебе, доколку не си слаба како девојките кои ги носат тие комбинации.
Габи не е дебела девојка, но не е ниту слаба како моделите кои ги гледаме на социјалните мрежи. Изгледа како типична девојка. Обично комбинациите кои ги гледаш на Инстаграм и Пинтерест изгледаат одлично, но секогаш ги носат девојки кои се слаби и кои имаат топ линија. Секако дека на нив им стои одлично, па почнуваш да се прашуваш дали такво нешто би ти стоело на тебе и се откажуваш од комбинацијата, бидејќи мислиш дека нема да изгледа добро.
Оваа девојки сите такви комбинации ги подготвила и без разлика на тоа што не изгледа како Инста модел, ги облекла и проверила да ѝ стојат добро и на неа, девојка која не носи конфекциски број 32, туку 40. Направила цел серијал од тоа и многу девојки ѝ се благодарни до небото - бидејќи покажува дека без разлика на величината на твоето тело, и понатаму можеш да ги носиш сите оние комбинации кои ќе ти паднат во око додека „скролаш“ на социјалните мрежи.
@gabii.paiige can’t believe we’re at part 15 ALREADY #recreatingpinterestoutfits #midsizefashion #size10fashion #grwm #ootd Wait a Minute! - WILLOW
Досега направила повеќе од 15 видеа во кои ги рекреира таквите модни комбинации. Можеби не изгледа како на моделите, но сите тие комбинации и понатаму ѝ стојат супер. Сите имаме поинакви тела и помали или поголеми облини и не можеш да очеквуаш дкеа ќе изгледаш исто како на фотографијата која те инспирирала. И тоа е во ред. Важно е во тие комбинации да се чувствуваш самоуверено и удобно.
@gabii.paiige 2 in one day?? what?! i just really wanted to style this sweater #recreatingpinterestoutfits #size10fashion #midsizefashion #grwm #ootd Hell N Back - Bakar
Тоа што не изгледаш како на фотографиите на Инстаграм, не значи дека модната комбинација не ти стои добро. Биди како Габи и не се замарај со големината на телото, немој тоа да те спречува да не ја носиш облеката која ја сакаш. А, ако не си сигурна дали нешто ти стои добро, за тоа секогаш се тука пријателките на кои можеш да им испратиш фотографија, а кои ќе ти го кажат своето искрено мислење.
@gabii.paiige another outfit from @vivianeaudi because her style is my FAV and i wanted to style my new jacket #pinterestoutfit #midsizefashion #size10fashion original sound - rennyxaudios
фото: TikTok - gabii.paiige / Screenshot