Девојка се појавила пред жирито и почнала да пелтечи: Кога запеала, сите останале без зборови (ВИДЕО)
По нејзината изведба, громогласен аплауз одекнувал во студиото...
Познатото музичкото натпреваруње „Америка има талент“ е место кое обединува на едно место многу талентирани луѓе, а иако жирито е навикнато на секакви изведби, некои луѓе сепак ги изненадуваат.
Имено, девојката по име Аманда Мамана, застанала на сцената и сите очи биле вперени во неа, меѓутоа на прашањето како се вика, како и со што ќе се претстави, таа имала потешкотии да одговори.
Но, потоа, кога Аманда го пуштила својот глас, публиката била во неверување, како и жирито. Нејзиниот ангелски глас не ги оставил рамнодушни, а од пелтечењето не останало ни трага.
По завршувањето на песната, многумина заплакале, како и самата натпреварувачка, а громогласниот аплауз одекнувал во студиото.
фото: Принтскрин / Јутјуб