Девојка се засрамила пред родителите на своето момче: Случајно им ја скршила тоалетната школка (ВИДЕО)
Важно е да се остави добар прв впечаток, но што кога работите ќе тргнат по зло?
Запознавањето со родителите на момчето е голем чекор во врската. Секако дека секоја девојка сака да остави што подобар впечаток, но понекогаш работите може да тргнат по зло.
Кенеди Колвел од Канада на ТикТок објави видео, кое го снимила во тоалетот на родителите на нејзиното момче и насмеа милиони корисници. Нејзината непријатна ситуација стана вирална и има повеќе од 4 милиони прегледи.
Но, зошто се засрамила Кенеди?
Имено, откако била во тоалет и извршила нужда, секако сакала да пушти вода. Но, казанчето блокирало. Не сакала да побара никој да ѝ помогне во оваа ситуацијата, и решила работите да ги земе во свои раце и да го поправи казанчето.
Го кренала капакот за да види што се случило. Тогаш се случило она најлошото, капакот и паднал од раце и се искршил на подот на стотици парчиња. За среќа, родителите на нејзиното момче не биле во дома.
@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit
Кенеди испаничила, бидејќи сега морала да му признае на момчето и на неговите родители дека им ја скршила тоалетната школка.
Бидејќи немало прозор низ кој ќе побегне, немале ниту домашен миленик или мало дете на кое ќе му ја пренесе вината, Кенеди сепак му кажала на момчето што се случило.
@kennedyallegedly Replying to @Amber Lincoln original sound - kennedy
Нејзиното момче се насмеало на сето тоа, а потоа ги повикал родителите, без Кенеди да го побара тоа. Вината ја презел на себе, а неговата мајка се пошегувала дека како казна ќе мора да врши некои дополните работи низ дома, но и дека ќе оди со татко му да купат нова тоалетна школка.
@kennedyallegedly Replying to @Mrs.Disco original sound - kennedy
„Колку добро момче. Ова е материјал за сопруг. Веднаш омажи се за него“ - пишува во еден од многуте коментари под видеото.
фото: Принтскрин / ТикТок