Девојка со аутизам преживеала врсничко насилство: Сега на сите секојдневно им покажува колку е посебна
Девојче со аутизам пораснало трпејќи врсничко насилство, а сега секојдневно на сите им покажува дека е прекрасно да се биде посебен. Еве ја нејзината приказна:
Моето име е Лиз Халт, дијагностициран ми е аутизам кога имав две години. Не зборував до 6 години, а во тоалет не знаев да одам до осмата година. Додека не можев да зборувам, имав чувсттво како да сум заробена во лавиринт. Секој чекор во животот беше како ново ниво од видеоигра, за да го пронајдам својот глас, но успеав.
Додека сум била бебе, сум имала неколку операции. Операции на черепот, очите и бубрезите. многу време сум поминувала во болница. По сето тоа моето семејство открило дека имам аутизам. Забележале дека не правам вообичаени работи.
Дека не ми е забавно да си играм со играчки, туку да ги редам работите една врз друга. Воедно сум знаела да се лулам напред назад и не сум гледала никој во очи. Од тогаш поминав низ 10 терапии за помош.
Животот со аутизам е полн со предизвици. Бев во посебно одделение, но не учев исто како другите деца. Иако ми беше тешко, сепак успевав да ги научам работите. Успеав да добијам возачка дозвола, иако ми требаа осум обиди. Но, не се откажував, се трудев со сите сили да бидам независна. И сега возам веќе 10 години.
На училиште беше најтешко. Не ме викаа на забавите, на родендените, на спиење, никој не сакаше да седи со мене за време на ручекот. Ме злоставуваа: еднаш ме турнаа низ скалилата, но некој ме фати. Потоа некој ми фрли книга во глава. Ме нарекуваа со ужасни имиња, како „глупав робот“ и „мртва батерија“. Често ме удараа по глава и ме исмеваа, бидејќи имав метални плочки од перацијата во неа.
Во текот на последните години од средното училиште ја изгубив најдобрата пријателка, мајка ми. Децата повеќе ја разбираа нејзината смрт, отколку мојот аутизам. Се чувствувам како да сум во затвор и бев многу лута и тажна што дури сакав да се откажам. Но, издржав.
Често ми се смееја бидејќи ги користев своите сензорни играчки кои ми помагаа да се смирам, да не се тресам и да не пелтечам. Беше тешко да се зборува со луѓето во училиштето и сите секогаш гледаа во мене, бидејќи работите ги правев на свој начин. Воедно се борев со тоа што ме вознемируваа мали работи, па морам да ги анализирам луѓето дали се лути на мене.
Сакам другите да знаат дека личностите со аутизам се еднакво посебни, како и било кој друг. И ние сме луѓе. Аутизмот влијае на сите сетила; ги користиме поинаку од другите луѓе. Затоа ни се потребни посебни играчки за да ги насочиме нашите сетила. Тие ни помагаат да се смириме и да не се чувствуваме исплашено. Звуците ни се 10 пати посилни отколку кај другите луѓе, така што бучавата ни претставува голем проблем.
Светот го гледаме во слики и понекогаш е многу страшно да живееш во реалниот свет со аутизам. Никогаш не знаете како луѓето ќе реагираат на вас. Тоа е како живот во два света. Едниот е мој, а другиот е вистинскиот свет.
Но, покрај сѐ, успеав да дипломирам. Живеам сама во својот стан од свои 20 години. Сѐ си плаќам сама и сакам да бидам независна.
Воедно им помагам на 50 семејства кои имаат некој со аутиза. Започнав програма со давање помош и тоа ми е одлично, бидејќи можам да бидам во близина на личности кои се слични на мене. Воедно сум во владиниот одбор и имам право на пишување закони кои се однесуваат на личностите со попреченост.
Се натпреварував во разни избори за убавина, каде запознав многу прекрасни пријатели.
Собирам пари за личностите со попреченост и се погрижив за набавка на сензорни играчки за семејствата кои не можат да си го доволат тоа. Често држам говори на разни собири и во очилиштата со цел да ги образувам луѓето за аутизмот.
Воедно водам бизнис со својата пријателка Лесли Ашер, „iPads for Autism“. На тој начин, на многумина кои не можат да зборуваат им даваме глас.
Родителите ги изгубив пред да наполнам 20 години, а братот пред 8 месеци. Поради тие настани морав да станам посилна и да подобро да се носам со аутизмот. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помагаа, кога ми беше тешко во животот. Поради нив сум ваква каква што сум денес. Тие прекрасни луѓе ме прифаќаат и секој ден учам нешто ново. Сите ги сакам многу.
Сакам сите да знаат дека личностите со аутизам можат сѐ што сакаат. Ако имате аутизам тоа не значи дека мора да се откажете или да дозволите другите да ве газат. Можеби ќе мора да работите 10 пати повеќе за нешто, но вие го можете тоа. Бог ги создал личностите со попреченост и има план за нив. Немојте да се сожалувате. Ние сме посебни и единствени на свој начин.
Еден ден се надевам дека ќе имам своја емисија за да можам на луѓето да им го приближам нашиот свет. Но, засега сум среќнашто сум адвокат за аутизам и што ми оди добро.
Извор: Lovewhatmatters.com