Девојка за матура сакала фризура како на Хејли Бибер: Она што го добила е потполно разочарување

Девојка за матура сакала фризура како на Хејли Бибер: Она што го добила е потполно разочарување

Објавена во: Мода // Moj стил

Како можела фризерката да ѝ направи нешто толку лошо?

Некогаш мислиме дека нема шанси фризерката да погреши доколку ѝ покажеме фотографија од фризурата која ја сакаме, особено ако се работи за нешто што не изгледа комплицирано - како неуредните бранови што ги носи Хејли Бибер.

За матурската забава сите сакаат да изгледаат најдобро што може, апсолутно фенси и дотерани. Некои фризурата и шминката ги прават дома, но не се сите толку среќни на ова подрачје, па сепак довербата ја даваат на професионалниците. Или не? 

Оваа девојка сигурно не би се сложила по своето искуство. Сакала за матура да има ја фризурата што Хејли Бибер често ја носи. Ништо комплицирано, само едноставни, опуштени, помалку науредни бранови. Сигурно веќе 100 пати си ја видела со таа фризура и знаеш точно на која мислиме.

фото: Инстаграм

Колкави се шансите дека фризерката може нешто да згреши? Би кажеле дека се мали. Најлошата работа која може да ни се случи е да не ставиме доволно лак или да не направиме добри бранови и тие за неколку часа да опуштат и исчезнат. Но, оваа фризерка ни покажа дека тоа сепак не е најлошата работа која може да се случи. Таа успеа на ова девојче да му направи масакр на косата.

@livvydoge 1. yes, they made me pay for this. 2. I will be doing my own hair from here on out. #fyp #prom #foryoupage original sound - Kneely_Knight

Наместо бранови во стилот на Хејли, добила разбушавена фризура која изгледа како да станала од кревет и да не стигнала да ја исчешла косата. Има и бранови, но тоа не изгледа воопшто елегантно или убаво како на фотографиите на Хејли. Косата ѝ е разлетана на сите страни без никаков ред и смисла. Дефинитивно уништена фризура со која никаде не може да се појави, а особено не на матурската забава. Девојката посочи дека ја има научено лекцијата и дека отсега сама ќе си ја прави фризурата.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: