Девојката на Бака Прасе го бранеше додека тој беше во полиција за смртта на Кика: Обвинете ги другите за сè
Како што се наведува, полицијата денес го имаше приведено Богдан за да се разјасни неговата поврзаност со смртта на младата јутјуберка...
Полицијата го приведе Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе на барање на Посебното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал. Илиќ беше приведен во својство на граѓанин на основа на барање за присобирање на потребни известувања, односно разговори во врска со новинарските текстови во кои се наведува деа една од причините за самоубиството на Кристина Ѓукиќ Кика е тоа што Бака Прасе во последните две години ја прогонувал и ги наведувал своите обожаватели на истото кривично дело преку социјалните мрежи.
Додека тој беше на сослушување, неговата девојка Ања се обиде да го оправда однесувањето на познатиот јутјубер. Имено, тие се огласија на социјалните мрежи, тврдејќи дека ја знаат причината поради која Кика повеќе не е помеѓу живите, што вчера го направи и Бака Прасе и дека нема врска со него. Исто така, ги обвинија и медиумите и јавноста дека изнесувале „лажни информации“ иако може да се погледнат видеата кои Бака ги снимал, а во кои ја прозива покојната јутјуберка.
„Сега кога пријателите на починатата девојка ја демантираа информацијата деа таа се самоубила поради насилство на интернет, имам само едно прашање до сите инфлуенсери, пејачи, познати личности воопшто... Дали ви е срам што ширите лажни информации? Веднаш заборавивте колку медиумите ги пренесуваат лажните информации и ја искористивте можноста да го свртите вниманието кон себе, бидејќи инаку сте жртва на интернет насилство. Видовте можност да го привлечете вниманието на луѓето кон овој проблем, но ова не е вистинскиот начин. Сега веројатно можете да разберете зошто луѓето зборуваат лошо и шират лажни инфомарции за вас, и самите видовте колку е лесно да потпаднете под влијание на медиумите. Без разлика дали сте јавна личност или не, пред да кажете нешто, запрашајте се колку знаете за тоа. Толку од мене“ - напиша Ања.