Девојката раскажа како дознала дека нејзиното момче ја изневерува: Заслужи работа во ФБИ за ова разоткривање
Како само се сети и го разоткри лажгото. Можеме да кажеме само едно: „Браво девојче, се спаси!“
Корисничката на TikTok @angelaxlaba сподели видео на својот профил во кое покажува како го открила изневерувањето на нејзиното момче.
Имено Џејмс ѝ се јавил еден ден со изговор дека ќе го помине целиот ден со семејството на реката. За ништо да не ѝ биде сомнително, тој ѝ испратил и фотографија на која позира во кајак, со натпис „спремен за речни брзаци...“
Но, не можете да ја измамите женската интуиција. Сето ова ѝ било сомнително на оваа девојка, па зумирала на фотографијата за да го види одразот во очилата за сонце на Џејмс. А кога зумирала на фотографијата имала што да види: непозната девојка седи во кајакот на Џејмс.
Откако сфатил дека е фатен, Џејмс престанал да одговара на нејзините дополнителни пораки.
@angelaxlaba how i finally caught my boyfriend cheating on me and then he calls me with her to break up once he was caugh #fyp #cheater #liar #WhenRiftanSays what the fuck was that - champagnemami
Секогаш е непријатно кога ќе дознаете дека сте измамени, но важно е да ја знаете вистината. Така и Ангела навреме сфатила со кого е во врска, а притоа ги воодушеви корисниците на „TikTok“ кои ѝ пишуваа како е навистина итра и како може да води истраги на ниво на ФБИ.
Извор: teen385.dnevnik.hr