„Девојката со крилја“ го објави првото видео со ќерката: Не може да ја прегрне, но затоа ја држи на градите

„Девојката со крилја“ го објави првото видео со ќерката: Не може да ја прегрне, но затоа ја држи на градите

Објавена во: Живот // Живот

„Херој мама“, гласи еден коментар

Сликарката и шампионка во паратаеквондо, која се занимава и со стрелаштво, Дејана Бачко, попозната како „Девојката со крилја“, доби ќерка со својот партнер Марко Нежиќ, а во оваа прилика веднаш ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.

По објавата дека родила здрава ќерка на која и го дала името Лара, на TikTok се појави ново видео во кое таа за прв пат се гушка со новороденчето, додека таа, како што се гледа на видеото, цело време е насмеана.

„Навистина ѝ е ладен носот“, вели Дејана на видеото, а откако го слушнала смеењето на бебето ја праша: „Сакаш да разговараме?“.

Коментарите доаѓаа на различни јазици, а повеќето нејзини следбеници сакаа да и честитаат за бебенцето и да ѝ посакаат среќа во животот.

@marko_dejana Ljubav naša najlepša  Lara  . . . #birth #pregnancy #baby #pregnant #doula #newborn #postpartum #motherhood #midwife #love #homebirth #childbirth #birthphotography #birthwithoutfear #breastfeeding #naturalbirth #birthdoula #family #maternity #birthday #hypnobirthing #momlife #empoweredbirth #childbirtheducation #birthphotographer #babygirl #labor #babies #mom #midwifery original sound - Marko I Dejana

Да потсетиме, Дејана иако има хендикеп, таа нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а често со следбениците споделува како слика, патува и тренира.

Бидејќи е родена без раце, научила како да го користи своето тело на поинаков начин во споредба со другите, па на пример со прстите држи четка за сликање


Фото и Видео: ТикТок
Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: