Девојката со најубава коса на Инстаграм: Фризурата ја стилизира со помош на еден трик, никогаш не користи фигаро
И инфлуенсерката Негин Мирсалехи понекогаш ги прави своите локни без пегла и фигаро...
Можеби мислевте дека Инстаграм е само модно царство, но се лажете! Популарната социјална мрежа е и царство за корисни трикови за убавина, од кои голем број доаѓаат од светски познатите инфлуенсерки.
Помеѓу истакнатите, глоболно познати инфлуенсерки е и Негин Мирсалехи, која важи за сопственичка на најубавата коса на Инстаграм, а оваа титула не може да не изненади со оглед на нејзините раскошни бранови.
Локните дефинитивно се вратија на големата врата, но за жал, не сме сите навикнати надвор од салоните за убавина да имаме убави локни и коса полни со волумен.
Да, пеглата за коса и фигарото се одличен начин за постигнување на посакуваниот ефект, но на долгорочен план не се добри. Барем не ако сакате да имате здрава коса.
Но, дали заневте дека постојат многу начини со помош на кои може да си направите локни без да користите пегла или други додатоци за стилизирање, кои ја горат косата и на тој начин ја уништуваат?
На Инстаграм сега се појави трик за кој не ви треба ништо повеќе од ремен до пењуар, а кој ветува одлични резултати како од салон и бујна коса.
Прво направете патен на средината и поделете ја косата на два еднакви дела. Заврлете ја косата напред, доколку имате долга коса.
Земете го ременот и ставете го на врвот на главата така што една половина ќе оди од едната страна на косата, а другата од другата страна. Поливна коса, заедно со ременот можете да ја собере со шнола за да не ви пречи додека ја витката другата страна.
Со виткањето почнувате од предната страна, односно од челото. Земете прамен од косата и замотајте го околу појасот. Секој пат кога е време за нов круг, додајте нов прамен коса. Повторувајте ја постапката додека цела половина од косата не биде замотана околу појасот.
фото: Инстаграм