Девојки внимајте: Овие карактеристики ве прават непривлечни!
Верувала или не, можеш да бидеш и најубава на свет, но доколку ги имаш овие карактерисики, нема да ги освојуваш момците...
Недуховитост – некои луѓе имаат вродена смисла за хумор и тоа не е нешто на што можеш да влијаеш. Но, доколку баш секогаш ти одат на нерви духовитите луѓе, доколку не се смееш на ниедна шега, на ниеден виц и доколку низ животот чекориш пресериозно, не си баш омилена на луѓето кои те окружуваат.
Дволичност – кога си во друшство со некоја личност, ти си најслатка на свет, делиш комплименти и молна си воодушевување. Но, кога таа личност ќе замине, ти едвај чекаш на некој да му раскажеш нешто лошо за неа. Ова е навистина карактеристика која никој не ја сака. Не собирај поени озборувајќи ги луѓето, нема да поминеш неказнето.
Мрзеливост – секако, ова не значи дека некој ќе те мрази доколку си дозволиш во попладневните часови да лежиш и гледаш во ТВ. Но, доколку си личност на која и е тешко да направиш нешто, доколку не помагаш на другите бидејќи едноставно не сакаш и доколку дозволиш другите да ги завршуваат работите наместо тебе, тогаш дефинитивно си на листата непопуларни девојки.