Девојки vs. момци: 7 работи кои секој пол ги интерпретира на свој начин
Ова ќе ви помогне да разберете подобро.
Девојките никако не можат да ги разберат работите кои момците ги правата, а на момците не им е јасно зошто девојките прават „гужва“ околу други работи... Недоразбирањата доаѓаат бидејќи секој пол поинаку ја интерпретира ситуацијата, а со ова најчесто се среќаваат на љубовно поле, а често се и извор на проблеми.
Девојките сакаат да анализираат и кога анализираат, тогаш за секој случај започнуваат уште една анализа. Момците и не баш, тие не размислуваат премногу и само ги прават работите. Некогаш е тешко да се разбере зошто едните прават едно, а другите друго. Во некоја од овие 7 ситуации сигурно и ти си нашла и не ти било јасно зошто тој направил нешто, а не нешто друго. Еве кои 7 ситуации секој од половите ги интерпретира на свој начин и зошто реагираат и ги прават онака како што ги прават:
# Прв контакт - поздрав
Проблемот започнува уште на почетокот. Кога ќе започнеш да се допишуваш со некој, колку и да е тој заинтересиран за тебе започнуваш да читаш и од најмалите ситници, како што е на пример поздравот на почетокот на пораката. Доколку момчето напише само „hi“ или „здраво“, тоа е лошо, но доколку напише „Hееееey!“ или додаде емоџи, тогаш може да мислиш дека му се допаѓаш. Со оглед на тоа дека ставил интерпукциски знаци и колку (и какви) емоџиња има во пораката, по тоа девојката заклучува дали тука ќе има нешто или не. Колку девојките анализираат, толку момчиња не помислуваат. На нив секој поздрав им изгледа еднакво - доколку личноста која инаку користи емоџи, ќе користи и кога тебе ти пишува, но доколку инаку не ги користи, тешко дека ќе ти испрати тебе кога ти пишува. Количината на „е“ во „hey“ на момците не им игра улога.
# „Што правиш?“
Девојките ова прашање го интерпретираат на милион начини, но често веднаш помислуваат дека тоа го прашува затоа што сака да види дали се слободни за да се видат. Тоа може да биде случај, но не мора. И додека девојките ова прашање автоматски значи повик на дружење, момчињата едноставно го постануваат ова прашање, бидејќи не знааат што да кажат, а сакаат да го продолжат разговорот. Постојат ситуации и кога го прашуваат тоа за да проверат дали сте слободни за дружење, но немојте да очекувате дека момчињата ќе сфатат дека сакате да се видите, доколку го прашаш што прави. Доколку сакате да се видите со него, едноставно директно прашајте го.
# Тоа звучи паметно
Кога момчето ќе го напише ова, првата работа која девојките ја помислуваат е дека е саркастичен и дека се шегува. Но, факт е дека момчињата не помислуваат и едноставно не го пишуваат она што го мислат. Доколку напише нешто за да звучи забавно, тогаш тоа веројатно и значи тоа - дека му се допаѓа тоа што си го кажала и дека му изгледа забавно.
# Смајлиња и емоџи
Девојките емоџињата ги сфаќаат како многу сериозна работа, а момчињата не ги доживуваат така. Може да ти помогнат да кажеш нешто за дополнително да го нагласиш, но немој да очекуваш дека момчињата премногу ќе го читаат значењето на секое поединечо емоџи. Момчињата кои користат многу емоџиња тоа најчесто го прават бидејќи сакаат да се потрудат околу девојките бидејќи им се допаѓаат, но се нервозни зошто се плашат дека девојките немаат исти емоции. Кога момчињата ќе видат дека девојките им испраќаат многу емоџиња, тогаш и тие ќе сфатат дека тоа значи дека девојките се затрескани по нив.
# Те сакам
Овие два зборови се извор на проблемите во врските, а сето тоа е затоа што за момчињата и девојките немаат исто значење. Кога момче ќе го каже тоа, многумина не го сфаќаат сериозно, туку сметаат дека тоа го кажува бидејќи му е важна одредена девојка. Всушност сака да ти каже „важна си ми и сакам тоа да го знаеш“. Кај девојките ситуацијата е поразлична. Доколку ги слушнат овие зборови од момчето, сметаат дека тоа е тоа. Поради тоа што девојките ова го интерпретираат многу посериозно, момчињата често се плашат да го изговорат тоа. Кога девојката ќе им каже „те сакам“, се плашат и скоро бегаат. Затоа не го потиснувај момчето со овие зборови.
# Комплимент
Момчињата не знаат како да реагираат на комплиментите, затоа девојки полека. Немој одеднаш да му дадеш премногу комплименти, бидејќи ќе се уплашат. Знаеме, глупаво е сето тоа, но тоа се момците. Се губат кога ќе добијат премногу комплименти, бидејќи тие ги сфаќаат многу посериозно од девојките. Кога тие даваат комплименти тоа е затоа што се додворуваат и бидејќи некој навистина многу им се допаѓа. Кога девојката ќе каже комплимент како на пример „имаш одлична коса“ или „оваа боја подобро ти стои“, не значи дека е луда по тоа момче, туку едноставно го мисли тоа.
# Ајде чао
Кога станува збор за поздравот на крајот на разговорот, се е исто како и со поздравот на почетокот на разговорот. Момчињата не се замараат дали ќе кажат „ајде чао“, „се слушаме“ или нешто сосема поинакво. Девојките пак, поздравот го анализираат барем неколку часа. Само затоа што момчето не напишало „се слушаме подоцна“, паника почнува, бидејќи доколку напишал „чао“ тоа значи дека не сака да се слушнат подоцна. Момчињата не размислуваат за тоа кој поздрав да го напишат.