Девојките од кланот Кардашијан-Џенер со кратка коса: На кого повеќе му прилега пикси фризура?

Девојките од кланот Кардашијан-Џенер со кратка коса: На кого повеќе му прилега пикси фризура?

Објавена во: Мода // In and Out

Иако се само перики, кратката коса им прилега фантастично

Кардашијан се апсолутни кралици кога е во прашање организирањето роденденски забави, а овој пат се надминаа себеси.

Пред прославата на 67-от роденден на Крис Џенер, славните сестри се маскираа во својата мајка, ни помалку ни повеќе. Ким, Кортни, Кајли и Клои носеа некои од нејзините најнезаборавни модни изданија и на тој начин потсетија на најдобрите комбинации во изминатата деценија.

Кајли се облече во издание на Крис од пред 33 години, додека Ким се облече во зелен фустан со светки каков што носеше нејзината мајка на Божиќ пред 10 години. Клои носеше долга бела наметка со рози, а Кортни беше во дуксер, исто како Крис во спотот на Аријана Гранде „Thank U, Next“.


Но, на сите им беше заедничка кратката пикси фризура, која веќе стана заштитен знак и препознатлив знак на најпознатата мајка во светот. Дури и најстарата внука на роденденската девојка, Норт, се маскира во нејзината позната баба и исто како и мама Ким и нејзините тетки стави перика.

@kimandnorth

Underneath The Tree - christmas>>

Неверојатно е колку добро изгледаат сите девојки од кланот Кардашијан-Џенер со кратка коса. Толку добро, што мислиме дека не би погрешиле доколку одлучат да го променат имиџот.

Извор: teen385.dnevnik.hr

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: