Девојките оваа година бикините ги врзуваат на нов начин: На стариот повеќе нема да помислите (ВИДЕО)
Врзувањето на овој начин остава впечаток како да имаш нов костим за капење...
Ако горниот дел од костимот за капење веќе ти е малку здодевен, постои трик со кој ќе може да го врзеш на поинаков начин. Така ќе изгледаш малку позабавно и поефективно од вообичаено.
Доколку имаш ваков костим за капење, со врвки за врзување, тогаш мора да го испробаш овој нов начин на носење! Во прашање е горниот дел кој се врзува на малку поинаков начин од оној обичниот. Сѐ што треба да направиш е горниот дел кој е на врзување, и кој инаку стои зад вратот, да го заврзеш пред да ги облечеш бикините.
@sydwingold Kendall Jenner bikini hack #bikinihack original sound - summer
Потоа да го свртиш во спротивна насока и колку што можеш да ги разделиш триаголниците кои ти ги прекриваат градите, а потоа рацете да ги провлечеш низ отворите кои ги имаш добиено со нивното раздвојување. На крајот, сѐ што треба да направиш е од предната страна да направиш цвор со остатокот од врвците кои ти преостанале и така ќе го добиеш новиот начин на врзување на горниот дел од костимот за капење! Сега изгледа малку подобро, а особено ако ти е здодевен стариот начин на врзување.
фото: Принтскрин / Јутјуб