Девојките повеќе не користат коректор за да ги сокријат подочњаците: Друг производ тоа го прави подобро (ВИДЕО)
Еден производ ги решава проблемите со темните подочњаци...
Ако нешто е екстра иритантно, тогаш тоа дефинитивно се темните подочњаци кои настануваат од неспиење. Најлошо од сѐ е тоа што тешко се прикриваат, особено ако се изразено темни, но со помош на овој трик можеби ќе успеете без проблем да ги прикриете.
Девојките често се соочуваат со проблемот темни и многу истакнати подочњаци. Тие најчесто се предизвикани од неспиење, но може да се појават и поради други работи, како на пример дехидрација. Но, кога еднаш ќе се појават, потоа навистина е тешко да се отстранат, па во тој случај секогаш помошта ја гледаме во добриот коректор кој некогаш и не успева во целост да го прикрие овој проблем.
@daniellemarcan this is a game changer ib:@ALISSIA #makeuphack #concealer Under Eye Blush - SPENCER
На ТикТок се појави трик кој со кој ќе ги решиш проблемите со темните подочњаци, а сѐ што ти е потребно е кармин и коректорот кој инаку го користиш. Девојките и претходно знаеја за овој трик, само наместо течен кармин, користеле црвен, но другите бои секако се подобра опција, бидејќи нивната боја не е толку интензивна како кај црвениот кармин.
@aliciarev wait… what? esto sí que no me lo esperaba #makeup #tiktokespaña #parati Under Eye Blush - SPENCER
Сѐ што треба да направиш е да ставиш малку течен кармин на подрачјето кај подочњаците, а потоа на него да ставиш коректор, а потоа добро да изблендираш. Боите ќе се спојат една во друга, а топлата боја на карминот ќе ја прекрие темната боја на твоите подочњаци и така ќе се спасиш од нив - барем привремено.