Дикси Ди Амелио во одбрана на Адисон Реј: Нема потреба од толкава негативност

Дикси Ди Амелио во одбрана на Адисон Реј: Нема потреба од толкава негативност

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Адисон Реј го објави својот деби сингл „Obsessed“, а неочекувано, таа доби голема количина на „хејт“. Иако самата песна навистина не е нешто што може да се спореди со врвните поп хитови, ужасните коментари немаат оправдување. Состојбата е толку лоша што мораше да се огласи и Дикси Ди Амелио и да ѝ даде поддршка на Адисон, во надеж дека работите малку ќе се смират, пред апсолутно сѐ да излезе од контрола.

Дикси на Твитер напиша: „Бидете срежни поради некој или само игнорирајте го тоа што го прави. Нема потреба за толкава негативност“ - истакна таа. Ефектот изгледа дека се постигна, а со оглед на тоа дека многумина ѝ одговорија дека не знаат зошто Адисон добива толку „хејт“.

Како што пишува „Dexerto“, песната секако успеала да привлече внимание, бидејќи за само неколку часа по објавувањето на Јутјуб веќе имаше милион прегледи, а бројката моментално стигна до 9 милиони. Освен тоа, тука се и милионите преслушувања на Spotify. Сепак, видеото за песната има и околу 100.000 дислајкови.


Иако ТикТок е и понатаму популарен, заминувањето на Адисон во музичките и филските води многумина го сфаќаат како знак дека таа е свесна дека популарноста на социјалните мрежи нема да потрае, па сака да се проба и на други полиња. Тоа е и нормално размислување, а нејзиниот прв сингл е само чекор во тој правец.

За Адисон овие денови се зборува и за нејзиното момче Брајс Хол. кој можеби повеќе не ѝ е момче. „Seventeen“ пишуваше дека тој ги избришал сите фотографии со Адисон кои настанале во скоро време, а ги оставил само оние старите. Ова само ги зајакнува гласините дека двојката е во кавга, а сѐ поради тоа што тој наводно ја изневерувал. Брајс го демантираше тоа повеќе пати, но очигледно дека нешто не е во ред.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: