DIY: Мелем за усни со вкус на чоколадо

DIY: Мелем за усни со вкус на чоколадо

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Сакаш ли да имаш убави и миризливи усни кои имаат вкус на чоколадо? Во продолжение имаш едноставен рецепт за мелем кој на твоите усни ќе им подари сјај и нега, а бакнежите ќе ги направи да бидат послатки од вообичаено.

Состојки:

# 2 лажички маслиново масло

# 1 лажичка восок од пчела

# 1 капсула витамин Е

# 1 лажичка изрендано црно чоколадо

# 10 - 12 капки есенцијално масло по желба

Процес на подготовка

На пареа растопете го восокот и маслото, па додајте една растворена капсула витамин Е и ренданото чоколадо. Најдобро е да користите чоколадо со што поголем процент на какао, но никако немој да претеруваш со чоколадото, за смесата да не биде претврда. На крај додај неколку капки есенцијално масло по желба, најдобро во склоп со вкусот на чоколадата. Мелемот чувај го во кутивче во фрижидер.

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: