DIY: Направете си светилка со помош на обичен компир
Овој експеримент може да ви помогне во нужни ситуации, а експериментот со светилка од компир претставува и одличен начин за децата и возрасните да научат нешто ново за науката.
Доколку ви е итно потребна светилка, а ја немате во своја близина, многу лесно од обичен компир можете да ја претворите во светилка. Овој „проект“ може да биде многу интересен за децата постари од пет години, иако за помладите деца е потребен надзор од повозрасно лице.
Инструкции
Правењето на светилките од компир може да биде интересна активност со која на децата може да им се пренесе процесот на пренесување енергија, од хемиска до електрична. А, за да го постигнете истото, ќе ви бидат потребни 15 до 20 минути.
Потребен материјал:
# Два компири;
# Нож;
# Две бакарни жици;
# Две монети;
# Две галванизирани шајки;
# Мултиметар (обично со една сонда со црна жица и друга сонда со црвена жица).
Насоки:
# Направете дупка во големина на монетата во суровиот компир;
# Излупете го едниот изолиран крај од бакарната жица;
# Врзете ја бакарната жица околу паричката, водејќи сметка за тоа сите краеви да го допираат бакарот. Би требало жицата неколку пати да ја замотате околу паричката;
# Паричката и жицата заедно ставете ги дупката која ја направивте во компирот;
# Направете дупче на другата страна од компирот со шајката;
# Истата постапка направете ја и на другиот компир;
# Ставете ги компирите еден до друг;
# Завиткајте ја бакарната жица од едниот компир околу шајката на другиот компир.