(DIY) Совршен за студените денови: Пинг - понг со цевчиња
Бидејќи лошото и студено време е се уште присутно, а играњето и активностите за надвор од домот се сведени на минимум. Секој знае дека студеното време не се меша со убавата и пријатна детска игра. Но, на пример игрите како што е пинг-понгот на вакви временски услови се малку потешки. Топчето е нежно, а ветрот често го носи во друг правец.
Доколку и вие сте љубител на пинг-понг и не можете да се забавувате за време на зимата, имаме интересен предлог за вас. Дали некогаш сте играле пинг-понг со цефчиња? Сигурни сме дека не сте и дека многу пропуштата. Тоа е исто толку забавно како обичниот пинг-понг и ќе го задржи вашето внимание со што ќе ве направи среќни на неколку часа.
Се што ви е потребно за играта, освен маса, обична маса, се лист хартија и две цевчиња.
Првата работа што треба да ја направите е да го превитката листот хартија и од него да направите топка. Се разбира, попријатно е со вистинска топка, но оваа игра е со топка од хартија. Потоа, секој играч се вооружува со едно цевче. Дури и доколку не сте само двајца, можете да направите екипи и да бидете четири или шест луѓе, но во тој случај треба да имате предвид дека ќе ви треба поголема маса.
Ја ставате топката од хартија во средија и започнувате да ја движите со дување низ цевчињата. Кој ќе успее да направи топчето да падне на страната на противникот освојува поен. Се игра до 10 поени. Оној кој прв ќе освои 10 поени е победник. Можеби оваа игра звучи како најлесна на светот, но не е.