Дизниленд се затвора: Вишокот храна ќе се подели на оние на кои им е најпотребно
Дизниленд и Дизни Ворлд по затворањето, целата храна која им останува ќе ја донираат во невладините организации, банките со храна, кои таа храна ќе ја распределат на оние на кои им е најпотребна.
Дизни минатата недела најави дека поради пандемијата коронавирус привремено ќе ги затвори своите тематски паркови ширум светот.
Меѓутоа, Дизниленд и Дизни Ворлд донесоа една добра вест, а тоа дека целата храна која им останува ќе ја донираат на локалните банки за храна, односно невладини организации кои таа храна ќе ја даваат на оние на кои им е најпотребна.
Откако го најави привременото затворање, Дизниленд на својот блог потврди дека вишокот храна ќе ја донираат во Second Harcest Food Bank во Orange County.
Набрзо по оваа најава, Волт Дизни Ворлд најави дека својот вишок храна, како свежите салати и зеленчуци ќе ги донира во истата банка со храна, но во централна Флорида.
Парковите веќе имаат склучени партнерства со банките со храна во кои донираат привремено. Минатата година, парковите Дизниленд донирале 20.000 оброци. Дизни Ворлд минатата година донираше милион оброци, пишува Prevention.