ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Близнакот ќе крои планови за иднината, Јарецот го очекува неуспех!
Овен
Вашиот љубовен живот и социјалните контакти можат да бидат нарушени поради вашиот неуспех да комуницирате. Може да се чувствувате исцрпено и нерасположени да гледате било кого. Како и да е, ви се советува да прифатите да излезете заедно со саканата личност.
Бик
Може нема да бидете во најдобро расположение денес. Избегнете го преземањето на нови одговорности денес, бидејќи сносите ризик од загуба на енергија. Ви престои интересен период. Нови познанства и пријателства ќе им помогнат на некои Бикови да ги заборават свежите рани.
Близнаци
Вашата сакана личност ќе биде среќна. Добар е моментот да започнете со правење на планови за иднината и за средби со пријателите. Близнаците кои сѐ уште трагаат по љубов ќе бидат прилично незадоволни овој период.
Рак
Практичноста и тврдоглавоста се особините кои најдобро ве опишуваат овој период. Раковите кои се во врска ќе се сретнат со проблеми и кавги со партнерот и тоа без некои битни причини. Партнерот има проблеми и шири тензија околу себе, но сепак не можете да му помогнете ако не ви го дозволи тоа.
Лав
Ќе бидете во многу добро расположение и способни да стапите во контакт и да се поврзете перфектно со секого околу вас. Во вечерните часови може да заминете на забава. Бидете внимателни и избегнувајте ги шегите кои можат да ги повредат чувствата на другите.
Девица
Некои разочарувања од минатото конечно ќе ги оставите зад себе. Избегнувајте ги конфликтите, но ако се најдете во таква ситуација, бидете мудри. Од некои работи ќе мора да се одречете и да прифатите дека повеќе не се дел од вашиот живот. Ова се однесува на вашите бивши партнери кои упорно се обидуваат да ве вратат во живот.
Вага
Снаодливоста, брзината и способноста за предвидување ќе ви бидат главните адути денеска. Вагите кои се во врска ќе имаат повеќе време за себе зашто партнерот ќе биде презафатен со училиштето. На некои Ваги им следи и кратко раздвојување со партнерот поради неодложен пат.
Шкорпија
Ќе ја имате можноста вашиот уметнички талент да го искористите на добар начин. Креативноста ќе ви помогне многу и соработката ќе се одвива одлично. Не двоумете се да започнете нова активност! Имате добри шанси да успеете.
Стрелец
Во добро расположение сте и затоа и ви оди училиштето. Со полна пареа учите за да го остварите саканото. Уживајте во вниманието кое го добивате, а исто така бидете отворени и за романтика.
Јарец
Денеска ќе бидете на граница со нервите поради неуспех на училиште. Не дозволувајте нервозата да се прелее во вашето семејство! Би било подобро да се запрашате себеси што имате направено погрешно за вашите соученици.
Водолија
Мала доза на самоувреност е позитивна, но водете сметка да не претерате со егоцентризмот, бидејќи никој во околината нема да може тоа да го трпи. Партнерот ќе ви замери ако не се сетите на некој важен заеднички датум. Очекува соодветно внимание од ваша страна.
Риби
Може да ви произлезе шанса да се вклучите во некоја нова активност која ќе ви донесе значајни бенефиции.Ќе вложите многу напор на училиште, но соучениците може да не се чувствуваат најдобро поради тоа.