ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе чувствува дистанца во односот со саканата личност
Вага
Најдобро е ништо да не форсирате и да покажете трпение за некои работи да може да се разрешат. Пробајте да го промените својот пристап кон партнерот. Доколку сакате врската да ви опстане бидете подготвени на компромиси.
Шкорпија
Немојте да дозволите било кој да влијае на вашиот живот. Важно е во наредниот период да ја слушате само својата интуиција. Можно е да сте подготвени да бидете многу флексибилни. Вашата љубовна ситуација бара мало прилагодување.
Стрелец
Пред вас е ден во кој ќе може да имате помала штета. Немојте денес да влегувате во било какви конфликти. Не ви се допаѓа посесивноста на партнерот. Можно е постепено да се оддалечувате еден од друг.
Јарец
Можни се помали конфликти со родителите, како и проблеми на полето на пријателство. Генерално не е поволен ден за вас. Ни самите не сте сигурни што сакате и ви делува дека поради својата неодлучност го губите партнерот.
Водолија
Не е поволен ден за вас. Можно е да имате проблеми. Можно е на некој начин да сте изненадени поради реакцијата на партнерот и денес да имате мали конфликти во врската.
Риби
Ве очекува период во кој некој намерно може да ви даде погрешни информации. Внимавајте на кому му верувате. Лесно може да се случи помала дистанца во вашиот однос со саканата личност. Можно е тоа да ви падне тешко.