ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе даде ветување со кое ќе предизвика разочарување
Овен
Во емотивниот живот делувате вознемирено и имате лошо претчувство, но за среќа партнерот умее да ве орасположи во вистинскиот момент. Пробувате да одложите средба со личност која не ја сакате баш и не ја обожавате.
Бик
Премногу ги форсирате своите потреби и некои ситуации во вашиот однос. Партнерот не може во потполност да го следи вашиот убрзан ритам. Делувате нерасположено, бидејќи некој очекува дека тој треба да ви биде на прво место.
Близнаци
Нема потреба да се истакнувате во непознато друштво. Посветете го своето внимание на блиската личност и заедничките теми. Се наоѓате во дилема помеѓу две понуди. Секој има право да погреши, важно е да извлечете добра порака.
Рак
Нема причина за „емотивно да ја уценувате“ саканата личност, на таков начин само постигнувате контра ефект. Средбата или разговорот со една личност за вас претставува добитна комбинација, па поради тоа прифатете ја нејзината идеја.
Лав
Партнерот има позитивно влијание на вашето расположение. Уживајте во работите кои емотивно ве зближуваат. Се има своја добра и лоша страна, а на вас е да одлучите на која ќе и дадете повеќе важност.
Девица
Партнерот ви поставува логични прашања, но вие делувате неубедливо. Посакувате да се оствари она што ви е мило. Се грижите да се изборите за подобро место во друштвото.
Вага
Партнерот очекува да заблеската во полн сјај. Можеби тоа ви претставува напор, но секогаш вреди да се обидете. Дипломатска нота понекогаш е неизбежна во кавгите, а компромис претставува единствено решение.
Шкорпија
Избегнувајте ривалство во односот со саканата личност. Не ви треба емотивно докажување и нови драмски заплети. Секој проблем има добро решение, под услов да прифатите корисен совет.
Стрелец
Нема потреба да ја криете својата слабост пред личноста која добро ве познава. Се може да се реши со нечија наклонетост. Забележувате дека пријателите делуваат незаинтересирано за заедничките планови.
Јарец
Немојте да ветувате работи кои не можете да ги исполните. Нема причина да изневерите нечии очекувања, отворено разговарајте со блиската личност. Некој ве предупредува да се придржувате кон веќе утврдени правила. Прифатете добар совет.
Водолија
Вашите желби може да се остварат, под услов да делувате доволно инспиративно, заводливо и сугестивно на саканата личност. Доколку се грижите да ја оправдате својата улога во животот на пријателите, применете ја проверената тактика.
Риби
Планирате средба со личност за која ве врзуваат пријатни спомени и топла емотивна нота. Некој го оспорува вашиот успех, што доведува до нови недоразбирања во однос на пријателите.