ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе доминира кога е љубовта во прашање
Вага
Како ќе доаѓаат парите, така и ќе си зиминуваат. Не се плашите од емоциите и од она што го чувствувате. Никогаш не би направиле непријател од оној кој ве сака и почитува.
Шкорпија
Она што може да ве ограничи се правилата и клишеата на кои робувате. Го потиснувате она што го чувствувате и се трудите на рационален начин да му ја објасните на партнерот својата состојба, но тоа не ви оди од рака.
Стрелец
Опуштете се, бидете лежерни и уживајте во обрските кои ги завршувате. Премногу размислувате и поради ситници, трудејќи се на многу работи да дадете печат од својата филозофија, бидејќи во вас се одвива борба помеѓу разумот и чувствата.
Јарец
Ве очекува значајна средба со пријател кој ќе ви каже работи кои во овој момент нема да ви одговараат. Она што никогаш не го умеете е да траете, бидејќи многу работи брзо ви стануваат здодевни и сакате промени.
Водолија
Сега позначајно ќе може да се посветите на себе. Љубомората и константните кавги околу неважни работи може да доведат до голема тензија во врската.
Риби
Време е за новини во вашиот живот. Ќе морате или да се приспособите на барањата на партнерот или да размислите за разделба. Добронамерен совет ќе добиете од пријател.