ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе се труди да се заштити
Овен
На средбата со саканата личност нема потреба од мистификација, на таков начин секој станува жртва на сопствените заблуди. Дозволете им на пријателите да ги докажат своите способности. Важно е добро да се организирате.
Бик
Посакувате емотивно зближување, но постојат компликации кои ве успоруваат. Важно е да имате добра идеја и силна воља. Потребно е да се договорите со пријателите околу уважување на различните интересни.
Близнаци
Партнерот не сака да ви ги довери своите дилеми, останувате на страна и неволно прифаќате некоја од споредните улоги. Бидете трпеливи. Доволно сте силни за да смислите пригодно оправдување за своите постапки и одлуки.
Рак
Положбата на месечината влијае на вашата емотивна или психичка чувствителност. Потешко од обично ги разликувате своите субјективни желби во однос на реалноста. Потребно е ситуацијата на друштвена сцена да ја анализирате дистанцирано.
Лав
Задржувате емотивна дистанца и делувате премногу внимателно пред партнерот, не сакате некој да ги повреди вашите чувства. Понекогаш љубовта и задоволството не одат заедно. Искуството ве опоменува да останете воздржани, да се потпрете на своето знење и способност.
Девица
Доколку ве оптеретуваат емотивни сомнежи, разговарајте со партнерот и инсистирајте на взаемно докажување на вистината. Ве иритира нечие однесување, бидејќи не сакате кога пријателите ве мешаат во нивните проблеми.
Вага
Понекогаш треба да се ризикува, особено ако ве инспирира блиска личност. Потпрете се на чувствата. Умеете да оставите сериозен впечаток на околината и да ги организирате пријателите за забава.
Шкорпија
Делувате вознемирено. Подобро е да ги смирите своите страсти, отколку да ја провоцирате саканата личност на емотивна расправија. Имате лошо претчувство, па поради тоа ги избегнувате интригантните ситуации или личности кои ве иритираат со своето неразбирливо однесување.
Стрелец
Не му обрнувате доволно емотивно внимание на својот партнер, покажете го „поубавиот дел“ од својата личност. Вашите зборови не се доволно јаки аргументи пред вашите родители.
Јарец
Добро сте расположени и тоа ја поттикнува вашата сакана личност. Ве очекува пријатна забава и заедничко задоволство. Не верувате во нечии ветувања или во приказна која нема добра „позадина“ и цврста гаранција.
Водолија
Покажувате добра воља, не можете да очекувате среќниот епилог да дојде сам по себе. Потребно ви е нечие разбирање. Нема потреба да влегувате во расправија со родителите. Достоинствено прифатете ја моменталната позиција.
Риби
Посветете внимание на некои семејни теми и на саканата личност. Потрудете се да исполните нечии очекувања. Важно е да постапите по својата свест и да ги заштитите своите интереси.
Извор: astrolook.com