ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Изненадувања за Лавовите, успех за Девиците

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Изненадувања за Лавовите, успех за Девиците

Овен
Денес ве очекуваат големи успеси, треба да вложите само малку труд. Кон крајот на неделата ќе запознаете личност која ќе можеби ќе стане ваша идна симпатија. Не залетувајте се и не избрзувајте, оставете времето да работи во ваша полза.
Среќен ден: петок

Бик
Денес ќе ви се подобри состојбата со родителите, а и со наставниците. Негативното однесување спрема симпатијата нема да ви донесе ништо добро. Кавгите не решаваат ништо, затоа спуштете ја топката и признајте дека грешите.
Среќен ден: вторник

Близнаци
Зграпчете ги можностите кои ви се нудат за да ги исполните зацртаните цели. Планетите најавуваат исполнување на некоја посакувана желба.Внимавајте, некој од друштвото сака да ви наштети и да ве повреди.
Среќен ден: петок

Рак
Не сфаќајте го училиштето како проблем, со малку труд ќе ги постигнете посакуваните резултати. Оставете времето да ги реши вашите љубовни проблеми. Соочете се со проблемите, периодов е совршен за разговори со најблиските.
Среќен ден: вторник

Лав
Искористете ја вашата креативност и бргу ќе ги постигнете посакуваните резултати. Кон крајот на неделата ќе имате интересна средба. Оваа недела ќе ви донесе многу изненадувања, но и многу интересни дружења и забави.
Среќен ден: сабота

Девица
Денес ќе бидете иницијатор на многу училишни и вонучилишни активности. Ве очекуваат нова симпатија и многу среќни моменти. Сите ќе бидат задоволни од вас и ќе уживаат во позитивната енергија со која изобилувате.
Среќен ден: понеделник


Следна страна

Можеби ќе ве интересира:

За Hashtag

Hashtag.mk е првиот портал за тинејџери кај нас. Ова ќе биде твој простор каде ќе можеш да ги следиш животите и кариерите на најпопуларните ѕвезди. Овде ќе може да го прочиташ и видиш она што те интересира за мода, убавина, технологија и наука. Ќе може да решаваш тестови, да споделуваш твои видеа и фотографии, да прочиташ совети за проблемите што те мачат и да ги следиш видеата на најпознатите Јутјубери кај нас и во светот.