Дневен хороскоп: На еден знак очајнички ќе му треба одмор
Овен
Партнерот често ги менува своите одлуки и ви прави нервоза. Не сакате кога некој ви соопштува одлуки во последен момент. Планираниот настан не оди во посакуваниот правец, но добро се снаоѓате и во новата ситуација.
Бик
Кон саканата личност бидете искрени и внимателни. Доброто со добро се враќа. Внимателно анализирајте ги пријателите. Секој од вас има свој стил на изразување или начин на интерпретација на случувањата.
Близнаци
Се наоѓате во фаза на идеално планирање. Партнерот пробува да ги сфати вашите намери, но не можете да очекувате чудо. Очекувајте позитивни одговори. Со толеранција преминувате преку ситните неправди кои постојат во односот со пријателите.
Рак
Во емотивна смисла, вашето задоволство не може да се најде пред желбите или потребите на партнерот. За да ги надолните пропуштените можности, потребна ви е нечија поддршка и строга дискреција.
Лав
Во љубовниот однос не е дозволено се што посакувате, но нема причина ни за лажна скромност. Секогаш бирајте го најдоброто решение. Различните околности се на ваша страна.
Девица
Доколку ви значи да се смирите со партнерот, дајте му нова шанса. Не е тешко да се покажат добрите намери. Подобро е да запрете во критичен момент кога ситуацијата почнува да се комплицира.
Вага
Ве иритира однесувањето на партнерот или намерата да ве наведе на својот избор. Некој ви буди желба за емотивна доминација. Делувате ангажирано на различни страни. Најдобро функционирате кога се потпирате на личната проценка и сила.
Шкорпија
Чувствувате емотивна тензија во нечии присуство. Сакате да ја откриете причината за чудното однесување на партнерот. Делувате незаинтересирано за одредени теми кои бараат дополнително внимание.
Стрелец
Партнерот не покажува големо интересирање за вашите планови, но вие не се откажувате лесно од своите намери. Важно е премногу да не се занесувате по озборување, може да ве бие лош глас.
Јарец
За жал, на партнерот не му оди од рака да ви го долови сето она што би сакале да го видите и слушнете. Не верувате во нечии ветувања, па поради тоа барате убедливи докази во врска со она што ви го ветуваат.
Водолија
Лесно преминувате преку новите замерки кои ви ги упатува саканата личност. Употребете го својот шарм во одредени ситуации. Немате доволно трпение да учествувате на различни забави ви треба одмор.
Риби
На средба со саканата личност и ги покажувате своите искрени намери, да разбудите некои потиснати желби, но и потиснати емоции. Ве очекува ново или поучно искуство во некоја авантура со пријателите.