ДНЕВЕН ХОРОСКОП: На првиот ден од новата година еден знак ќе има среќа во љубовта
Вага
Пред вас е период во кој ќе имате помали компликации поради некои нерешени проблеми од минатото. Доколку ја преземете иницијативата кога е во прашање личноста која ви се допаѓа, ќе успеете да остварите добар однос.
Шкорпија
Обврските ќе ги завршите без поголеми проблеми и компликации. Може да очекувате поволен ден. Неопходно е да го промените пристапот кој го имате кон личноста која ви се допаѓа, доколку сакате да го добиете нејзиното внимание.
Стрелец
Може да очекувате дека ќе одморите од обврски во следниот период. Потрудете се да постигнете компроми со саканата личност. Важно е секогаш да бидете посветени еден на друг.
Јарец
Константно сте напнати и лесно може да влезете во нови конфликти. Подгответе се на саканата личност да ѝ дадете до знаење што ви пречи кај неа. Најдете повеќе време за одмор.
Водолија
Може да очекувате дека денес ве очекуваат мали непријатности. Мечтаете за личноста која ви се допаѓа. Доаѓа време кога вашиот однос ќе се конкретизира.
Риби
Немојте многу да трошите премногу, туку покажете дека знаете и да штедите. Се двоумите кога се во прашање новите емотивни одлуки. Не сте сигурни во кој правец би требало да се насочите.