ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Не му е омилен, но еден знак ќе мора да прифати компромис

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Не му е омилен, но еден знак ќе мора да прифати компромис

Овен 

Во духот на својата емотивна инспирација планирате романтична забава или нова средба. Ќе ви годи нечие внимание и наклонетост. На вас е да ја започнете иницијативата за забава.

Бик

Доколку ве мачат дилеми, размислете што е вистинската причина за вашата несигурност. Немојте да го обвинувате партнерот. Се е во ваши раце, но под услов да реагирате во најдобар момент или во склад со поставените правила.

Близнаци

Кај вас провејува емотивната нота, а кај партнерот смислата за убави и корисни работи. Брилијатно се надополнувате на различни начини. Обрнете внимание на различните детали и однесувањето на близок пријател. 

Рак

Партнерот пробува да ја намали обостраната тензија и да ве расположи со некои нови идеи. Покажете добра воља. Ги преценувате личните можности. Очекувајте конфликт со близок пријател.

Лав

Ќе ве израдува емотивен сигнал или внимателен гест од некој. Партнерот искрено се труди да ги оствари сите ваши потреби. Потребна ви е добра стратегија за го изненадите најдобриот другар. 

Девица

Доколку се сомневате во нечии емотивни намери, тоа не претставува никаков доказ за конечна одлука. Добро размислете за своите интереси и промената на околностите низ кои минувате.

Вага

Бидете промислени во една изненадна средба, немојте да дозволите лесно да ве заведат нечии комплименти и манири. Некој ве доведува пред свршен чин или во неудобна ситуација. Побарајте добар совет од родителите.

Шкорпија

Нема потреба да спроведувате нови емотивни хирови или да и пркосите на саканата личност, бидете одмерени во своите барања. Делувате нескромно во своите изјави пред пријателите. 

Стрелец

Потполно задоволство на љубовно поле може да ви долови само личност која добро го познава вашиот вкус или афинитети. Се што е добро може да биде и подобро, под услов да го вложите својот максимум и да ги пречекорите границите.

Јарец

Подобро е да не се занесете од нечии комплименти. Првиот впечаток може да ве излаже, бидејќи никој не може веднаш да пресуди. Сочувајте ја присебноста и немојте да давате мислења за теми за кои немате познавање, ќе бидете смешни.

Водолија

Партнерот често ги менува своите одлуки и на тој начин ја поттикнува вашата нервоза. Не сакате кога некој ви соопштува одлуки во последен момент. Планирате случувања не одат во посакуваниот правец, но вие добро се балансирате.

Риби

Премногу чувствително реагирате на разни ситници, постојат ситуации кои партнерот ги доживува на поинаков начин. Различно го гледате светот околу себе. Родителите ве опоменуваат да го промените однесувањето, ќе бидете приморани да прифатите компромис.

Можеби ќе ве интересира: