Дневен хороскоп: Овој четврток поволен за неколку знаци
ОВЕН
Падот на концентрацијата може да доведе до несакани деловни грешки. Не е добар ден за вас. Проблемите во бракот се повторуваат, имате впечаток дека се вртите во маѓепсан круг од кој нема излез. Проверете го крвниот притисок.
БИК
Деловната стабилност сега е на испит. Многу зависи од вашето однесување и одлуките што ги донесувате. Ако сте слободни, можно е сѐ уште да страдате на некој начин за поранешната љубов. Проблеми со мочниот меур и стомакот.
БЛИЗНАЦИ
Само завршете ги основните обврски во текот на денот и не навлегувајте во некои посложени задачи. Комуникацијата со личноста што ви се допаѓа во моментов не е во добра фаза. Избегнувајте цигари.
РАК
Не реагирајте раздразливо кога станува збор за работа, важно е да се задржи смиреност. Не е поволен ден за љубов, ако имате партнер, можни се расправии и дискусии со него во поголема мера. Проблеми со тироидната жлезда.