ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ШТО ВИ НОСИ ПРВИОТ ДЕН ОД ДЕКЕМВРИ
СТРЕЛЕЦ
Поволен ден за сите кои се занимаваат со технологија, комуникации и работи поврзани со компјутери. Влегувате во многу пријатен контакт и флертувате со сосема нова личност. Се препорачува да ја искористите шансата.
ЈАРЕЦ
Денес ќе сте преоптоварени со дополнителни обврски. Брзо променете го вашиот ладен став ако сакате да се зближите со личноста што ја сакате.
ВОДОЛИЈА
Можете лесно да бидете изманипулирани. Внимавајте и не им верувајте на луѓето што не ги познавате доволно добро. Многу лесно можете да запознаете интересна личност преку социјална мрежа. Ново искуство за вас.
РИБА
Треба малку да ги намалите вашите очекувања. Претерано големите планови во моментов не се остварливи за вас. Не ви се допаѓа наметливиот став што го зазеде вашиот партнер. Ви се чини дека станал премногу арогантен и фалбаџиски.