ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Слаба концентрација кај неколку знаци

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Слаба концентрација кај неколку знаци

Овен

Доколку партнерот нема разбирање за вашите потреби, немојте да дозволите помеѓу вас да се направи нов „емотивен ѕид“. Не треба да копнеете по лоши односи со пријателите.

Бик

Умеете да ги остварите своите емотивни намери. Партнерот ви удоволува на различни начини, додека вие задоволно се смеете. Кај себе го поттикнвате радозналиот дух и креативното расположение.

Близнаци

Поставувате големи барања пред саканата личност. Направете емотивна дистанца и преиспитајте ја својата врска низ различни аспекти. Некој не ги разбира вашите идеи.

Рак

Вашата намера е да освоите нечија наклонетост. Сепак, тоа го правите со голема доза на претерување. Стилот кој го применувате околината го толкува на различни начини.

Лав

Немојте да давате излитени или големи ветувања на саканата личност. Постои можност одеднаш да го промените своето мислење. Повеќето работи ги завршувате самостојно и во склоп на личните интереси.

Девица

Важно е да делувате убедливо пред саканата личност. Некој одеднаш ви поставува двосмислени прашања. Затрупани сте со различни обврски и тоа негативно се одразува на вашата концентрација.

Вага

Планирате романтична средба или некоја омилена забава. Важно е да преземете иницијатива и да имате добра идеја. Од вас се очекуваат разумни и ефикасни решенија.

Шкорпија

Имате силен интуитивен впечаток дека нечии ветувања не се искрени. Се грижите поради нечии двосмислени пораки и однесувања. Немојте да ризикувате во работите кои не ги познавате добро.

Стрелец 

На средба со саканата личност делувате напнато, бидејќи многу работи одеднаш ве измачуваат. Постојат различни недоразрабирања помеѓу пријателите, но крајот од денот ќе ги решите.

Јарец

Нема причина да го прикривате своето нерасположение пред личноста која добро ги познавата вашите предности и маани. Вложувате голем напор, но на крајот не оставате позитивен впечаток на одредени пријатели.

Водолија 

Ве привлекува комбинацијата од емотивна, страствена и интелектуална врска, но личноста која се наоѓа во ваша близина има недостаток на една од овие работи. Делувате привлечно и шармантно на околината, но тоа не претставува доволна гаранција за успех.

Риби

Добро сте расположение, нема причина да ги избегнувате „љубовните сигнали“. Дозволете си некоја омилена забави. Имате добра проценка на разните можности што се пред вас.

Можеби ќе ве интересира: