НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Среда ќе биде најсреќен ден за четири знаци
Овен
Обрнете внимание на некоја омилена тема или личност која ве инспирира на позитивно расположение. Уживајте во убавите работи. Различните информации имаат корисно значење.
Среќен ден: среда.
Бик
Важно е да го направите она што го чувствувате, тоа што ќе ви донесе големо олеснување. Нема причина да бирате улога која не ви одговара. Делувате нетрпеливо. Пријателите ве очекуваат да прифатите некоја понуда.
Среќен ден: петок.
Близнаци
Пречувствително реагирате на различните ситници, партнерот не ги забележува работите кои за вас имаат драгоцено значење. Доколку некој ве опоменува да го промените однесувањето - направете го тоа.
Среќен ден: четврток.
Рак
Склони сте кон чести промени на расположението, па поради тоа препуштете се на партнерот да креира заеднички планови. Уживајте во привилегиите кои ги добивате. Понекогаш е тешко да ги докажете вистинските вредности.
Среќен ден: среда.
Лав
Чувствувате нов бран на носталгија и размислувате за нечие отсуство. Поправете го расположението. Кога и да ви се пружи изненадна можност за средба, одговорете на основа на интуицијата.
Среќен ден: понеделник.
Девица
Важно е внимателно да го изберете секој збор кој го изговарате пред својот партнер. Избегнувајте личност која ја бие лош глас. Очекувате позитивни одговори и успешни резултати и запаметете - успехот зависи од личното ангажирање.
Среќен ден: сабота.
Вага
Имате силен интуитивен впечаток дека нечии ветувања не се доволни искрени. Се грижите поради нечии двосмислени пораки и однесувања. Вашиот начин на размислување наидуваат на гласно негодување помеѓу пријателите.
Среќен ден: недела.
Шкорпија
Доколку ви е важно некои работи или настани да добијат вистинска смисла, протумачете ги во договор со саканата личност. Нема причина да се истакнувате или да ги менувате поставените правила.
Среќен ден: вторник.
Стрелец
За жал, љубовниот партнер не може да ги исполни сите ваши слатки соништа. Посакувате поголемо разбирање и бескрајно внимание. Нема потреба да ги докажувате своите способности во присуство на пријателите - тие ве познаваат.
Среќен ден: среда.
Јарец
На средба со саканата личност, делувате вознемирено и не можете да ги остварите своите намери. Непотребно се заплеткувате во различни ситуации. Немате доволно енергија да се ангажирате на паралелни работи.
Среќен ден: сабота.
Водолија
Чувствувате нов емотивен излет. Стартувајте ја вашата имагинација и флертувачки способности кога се наоѓате во друштво на блиски личности. Нема потреба да се експонирате во друштво на пријателите.
Среќен ден: понеделник.
Риби
Некој го привлекува вашето внимание, но вие се уште не сте сигурни во своите чувства. Емотивната несигурност произлегува од вашата недоверба. Средба со една личност поттикнува сомнеж кај вас. Вложивате голем напор, но го добивате посакуваниот ефект и позитивни резултати.
Среќен ден: среда.