Дневен хороскоп: Стрелците да не ги комплицираат работите во љубовта
Лав
Чувствувате голем притисок поради деловните активности кои се планираат. Обидете се да одморите уште неколку дена. Деловната ситуација се комплицира доколку не ставите крај на некои озборувања. Здравјето е стабилно.
Девица
До крајот на денот ќе бидете под притисок на другите луѓе, особено на луѓето под знакот Овен. Бидете подготвени за компромиси кога станува збор за љубовната ситуација. Партнерот треба да го наметне своето мислење. Одлично се чувствувате здравствено.
Вага
Бидете во хармонија со себе и вашите желби бидејќи тоа е најважно за вашето здравје. Не дозволувајте некој да влијае на вас и на вашиот став за деловната ситуација. Партнерскиот однос е многу „потресен“, затоа потрудете се да поработите на вашата самодоверба.
Шкорпија
Во текот на денот можни разговори со партнерот за проблеми од минатото. Не дозволувајте партнерот да ве врати во минатото и да се согласите на компромис. Во текот на оваа недела ќе имате неколку деловни состаноци кои можат емотивно и енергично да ве исцрпат. Обидете се добро да се подготвите за сите тие состаноци.