Дневен хороскоп: Ве очекуваат обврски кои морате да ги исполните денес
РАК
Знаете дека треба да промените нешто во пристапот кон соработниците, но сепак се трудите да ги правите работите на свој начин. Ова нема да биде успешно. Чувствувате дека саканата личност ве притиска и ве оптоварува. Сега не сте подготвени да се справите со тоа.
ЛАВ
Ќе се позиционирате доминантно кон некој од деловното опкружување. Другата страна го толерира вашето однесување, но има граници. Вашата сакана ја повлече линијата кога станува збор за некои работи и нема намера да се враќа во минатото и да ги преиспита.
ДЕВИЦА
Свесни сте дека ситуациите на работа се одвиваат во ваша корист. Ви се допаѓа ова и искрено се надевам дека ќе трае. Можност за посилни финансиски приливи во текот на денот. Комуникацијата со спротивниот пол лесно тече, оставате добар впечаток.