ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Време е за нови работи
ВАГА
Во моментов не можете да ги одвоите приоритетите од работите кои можат да чекаат. Се наоѓате во хаос кој ви создава конфузија. Доколку сте сами и безнадежно вљубени во една личност која не знае дека постоите, време е да смислите нова стратегија.
СКОРПИЈА
Во моментов сте конфузни и не знаете каде да се обратите за да можете да си ги остварите плановите. Не откажувајте се, помошта може да дојде од место од кое најмалку ја очекувате. Партнерот е љубезен, но по малку арогантен, и тоа ви создава немир. Време е за разговор. Доколку се повлечете и чекате да помине само од себе, ништо нема да постигнете. Ако сте сами, време е да излезете и да почнете да се дружите.
СТРЕЛЕЦ
Бидете внимателни и не кажувајте ги плановите. Непријателите ја чекаат секоја ваша грешка и подготвени се да ја искористат. Партнерските односи осцилираат секојдневно. Партнерот има свој начин на размислување, кој не се согласува со вашиот. Не обидувајте се да го убедите, работете како што сметате дека треба.
ЈАРЕЦ
Полни сте со идеи и со нови планови. Зачувајте ги плановите за себе и не дозволувајте да бидат нарушени. Вие сте многу добронамерни, но имате и многу непријатели. Партнерот има потреба да се опушти и да искористи неколку дена да се одмори.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете насочени кон семејството и ќе решавате еден семеен проблем. Партнерот ви упатува многубројни критики, кои ве прават нервозни. Обидете се да ги игнорирате за да си го зачувате мирот. Без разлика дали сте во врска или сте слободни, секојдневно се соочувате со личности што се заинтересирани за вас.
РИБИ
Колку и да се трудите да ги задоволите сите, некој ќе остане незадоволен. Најдобро е да почнете да мислите на себе и на своите потреби. Доколку сте слободни, обратете внимание на една Скорпија што одамна е заинтересирана за вас. Можеби тука ќе си го остварите сонот и ќе воспоставите рамнотежа која ви треба.