Дневен хороскоп за четврток: Полека се решаваат проблемите на неколку знаци
Стрелец
Ги прекинувате контактите од кои не сте задоволни подолго време. Се обидувате да го поправите односот со партнерот. Дајте му до знаење дека и понатаму имате емоции кон него.
Јарец
Имате одлична комуникација со пријателите и затоа правите долгорочни планови. Многу сте љубоморни и посесивни. Внесувате елементи на динамика и нехармонија во односот без никаква потреба.
Водолија
Имате нагласена интуиција на која се потпирате при носењето на важни одлуки. Одличен ден за ново познанство. Особено ви се допаѓаат силата и авторитетот кои зрачат кај другата личност.
Риби
Зборувајте со пријателите и дајте им до знаење дека знаете дека не се искрени и отворени кон вас. Личноста која ја сметате за пријател срамежливо ќе ви покаже дека сака нешто повеќе од пријателство со вас.