Дневен хороскоп за петок: Интересно познанство денес за еден знак во Зодијакот
Стрелец
Работа: Денеска најважно е да го решите финансиското прашање. Од денешната деловна одлука ќе зависи подолг временски период.
Љубов: Многу е важно да разговарате со партнерот за тоа што ве мачи. Не дозволувајте проблемот да се таложи.
Здравје: Солидно.
Јарец
Работа: Денешните аспекти означуваат почеток на ново поглавје, во смисла на подобрување или започнување сопствен бизнис.
Љубов: Заедничкото излегување ќе го зачини овој ден со посебно задоволство и љубовни искуства.
Здравје: Ревматски нарушувања.
Водолија
Работа: Бидете внимателни кога работите со претпоставените. Немате увид во целата слика, па подобро е да почекате со дефинирање на ставот.
Љубов: Романтичен состанок со нова личност ќе ви ги оживее сите сетила. Ве очекува возбудлива вечер.
Здравје: Лоша циркулација.
Риба
Работа: Искористете ги поволните аспекти за деловни договори. Акцентот ќе биде ставен на соработката со пријателите и собирањето сигурни луѓе во тимот.
Љубов: Вашето пријателство може да се претвори во љубовна врска која долго време ја посакувате. Ви претстои убав период.
Здравје: Проблеми со забите.